Центарот на Скопје утрово е во колапс. Поради голем дефект поголем дел од централното градско подрачје е без струја, а тоа предизвика сериозни проблеми во сообраќајот.
Граѓаните кои утринава тргнаа на работа останаа заглавени низ улиците и булеварите. Пешаците не можеа да минат на пешачки од метежот.
Семафорите не работат, па поголем дел од возачите се пробиваат низ спредните улички.
Од ЕВН велат дека работат на санирање на проблемот.
- Станува збор за поголем дефект, наши екипи се на терен- истакнаа оттаму.