Колач со мед и локум

Ако сакате да експериментирате со вкусови, ова е интересна идеја. 

Состојки:

300 гр шеќер
250 гр масло
400 гр рендани јаболка
Две ванили
150 гр локум
50 гр брусница 
Една кора од лимон
Две лажици мед
Кесичка пециво
350 гр брашно
50 гр мелени бадеми

Подготовка:

Во ренданите јаболка ставете шеќер и масло. Додајте кора од лимон и локум сечкан на мали парчиња. Ставете брусница и измешајте. 

Ставете пециво во брашното и додајте мелени бадеми. Спојте ги двете смеси и ставете во намастена тава. 

Печете на 180-200 степени. Послужете го изладен.