Колач со крем сирење и кондензирано млеко

Личи на познатиот чизкејк, но можеме да кажеме дека е уште повкусно.

Состојки:

150 гр меко брашно
150 гр остро брашно
50 гр шеќер
120 гр путер
Половина прашок за пециво
Малку сол
Рендана кора од половина лимон
Какао и ладна вода за боење на темниот дел

Фил:

250 гр крем сирење
2 јајца
2 ванилин шеќера
Прстофат сол
20 гр гриз
100 гр кисела павлака
60 гр кондензирано млеко

Подготовка:

Измешајте ги сувите состојки за тесто, а потоа додадете го путерот исечен на помали коцки. Ќе добиете ронлива смеса. Поделете ја на два дела и едниот обојте го со лажица какао и малку вода, за да се изедначи бојата. 

За филот, прво одвојте ги жолчките од белките. Прво подгответе снег од белките, а жолчките изматете ги со шеќерот, па додадете го крем сирењето. Спојте ги смесите, па додавајте гриз, кисела павлака и кондензирано млеко. 

Темната смеса ставете ја во калап за чизкејк, додадете го филот, па врз него посипете ронки од светлото тесто. Искористете го остатокот од филот врз ронливото тесто. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути. 

nike dunk high black leather chair for sale | Sneakers Nike Shoes