Во пресрет на есента, време е да соберете што повеќе рецепти кои ќе го исполнат вашиот дом со прекрасен мирис на јаболка и зачини.
Ваков или сличен колач веќе имате пробано, а доколку сте барале рецепт, веќе го имаме за вас.
Состојки:
3 јајца
4 филџани шеќер
Еден филџан вода
1,5 филџан масло
6 филџани брашно
6 јаболка
Цимет по вкус
Подготовка:
Рерната загрејте ја на 250 степени. Изматете ги шеќерот и јајцата, па ставете ги водата и маслото. Измешајте добро, па додајте го брашното. Јаболките изрендајте ги и зачинете со цимет.
Половина од тестото ставете го рамнометно во плех за печење, кој претходно е намастен и набрашнет. Врз овој слој ставете ги јаболката, а врз нив изрендајте го другиот дел од тестото. Намалете на 200 степени и печете околу 20 минути.
Кога ќе се излади, можете да посипете со шеќер во прав измешан со малку цимет.