Колач со јаболка и кокос - вегански рецепт

Многу едноставен рецепт, со јаболка по ваш вкус, а кокосот како додаток го прави овој колач навистина неодолив. 

Состојки:

170 гр шеќер
200 гр брашно
150 мл минерална вода
150 мл масло
Две мали јаболка (рендани)
Две лажици џем од кајсија
Една лажичка какао
Една лажичка екстракт од ванила 
Две лажици кокос
Една кесичка прашок за пециво

Дополнително:

Три лажици џем од кајсија
Три лажици кокос

Подготовка:

Изрендајте ги јаболката. Настрана измешајте ги шеќерот, маслото и минералната вода, додека да добиете изедначена смеса. Ставете џем и ванила и добро измешајте. Во оваа мешавина ставете го кокосот, јаболката, а потоа и брашното и прашокот за пециво. Ставете го какаото. 

Смесата ставете ја во калап за колач и печете во рерна која била загреана на 200 степени. 

Изладениот колач премачкајте го со џем од кајсии и ставете кокос. Можете да додадете и сушени парчиња јаболко за декорација. 

Овој колач можете да го направите и во бела варијанта, односно да го изоставите какаото.