Колач ролат од кокос

Ако сакате вкус на кокос, ова е уште една од многуте идеи за вкусен десерт. 

Состојки:

300 гр кокосово брашно
200 мл кондензирано млеко
30 гр какао во прав

Подготовка:

Измешајте ги кокосовото брашно и кондензираното млеко. Поделете ја смесата на два дела. Едниот обојте го со какаото. 

Најпрво на фолија нанесете го белиот слој, па врз него кафеавиот. Виткајте како ролат. Оставете во фрижидер неколку часа и сечете на тенки парчиња.