Колач од бисквити и пудинг готов за 10 минути

Ова е уште еден брз и лесен десерт кој ќе го изедете уште побрзо отколку што сте го подготвиле. Кремаст е и чоколаден, па совршен е за послужување во секоја пригода.

Потребни состојки:

1,5 l млеко

100g чоколадо за готвење

4 чоколадни пудинзи

8 лажици шеќер

300g бисквити

2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

Во 300ml млеко измешајте ги пудинзите и сварете во остатокот од млекото со шеќерот и кесичките ванилин шеќер.

Во сварениот пудинг, додека е уште жежок додадете го чоколадото и мешајте да се растопи.

Во друг округол сад или тава ставете ги бисквитите искршени на парчиња. Прелијте со пудинг и мешајте.

Израмнете и обложете го колачот со проѕирна фолија. Откако добро ќе се олади можете да сечете парчиња или да вадите форми со калапи.

Декорирајте со овошје и чоколаден прелив.