Доколку редовно го подготвувате познатиот колач од банани, ова е убава промена.

Потребни состојки:
1 шолја интегрално брашно
1 шолја кокосово брашно
1 и пол лажичка пециво
пола лажичка сода бикарбона
пола лажичка хималајска сол
1 лажичка масло од кокос
2/3 шолја шеќер
3 зрели банани
6 лажици вода
4 лажици кокосово млеко
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Во мал сад, ставете ги брашното и водата, измешајте добро и оставете на страна
- Во поголем сад ставете ги сите суви состојки, измешајте и оставете да се соедини.
- Во друг сад, изпасирајте ги бананите, додајте го шеќерот, маслото од кокос и кокосовото млеко. Измешајте добро додека не се соединат сите состојки.
- Полека додајте ги сувите состојки и измешајте добро.
- Кога ќе добиете изедначена смеса и ставете ја во калап за колач. Одозгора додадете кокосов чипс или кокос за декорација.
- Печете околу 15-20 минути на иста температура, од 180 степени.
- Откако е испечен лебот, оставете го половина час да отстои на собна температура.