Коктел од Рафаело бомбици и вотка - готов за 10 минути (видео)

Потребни состојки:

15 парчиња Рафаело бомбици

300ml млеко

70g шеќер

250g слатка павлака

200ml вотка

Подготовка:

1. Во сад ставете ги Рафаело бомбиците.

2. Додадете ги млекото и шеќерот и добро изматете ги состојките додека не добиете соединета смеса.

3. Додадете ја павлаката, а потоа и вотката.

4. Промешајте добро и ставете ја смесата во поголем сад за сервирање.

5. За да сервирате, употребете коктел чаши, млеко и кокос. Натопете го врвот на чашите во млекото, а потоа и во кокосот и ставете од коктелот.