Кокос тарт - одличен колач кој се служи со кафе или леден чај

СОСТОЈКИ:

3 шолји млеко

4 шолји шеќер

8 лажици гриз

200 гр кокос

4 јајца (ќе ви останат 2 белки)

2 шолји брашно

1 прашок за печиво

2 лажици какао

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Прво направете фил: измешајте по 2 шолји млеко и шеќер, гриз и кокос, па ставете да се готви и почекајте да се излади.

За кората разматете 2 белки со 2 шолји шеќер, додајте една по една 4 жолчки, па измешајте брашно измешано со прашок за печиво и какао. Испечете ја кората и од горе премачкајте со изладен фил.