Кокаин пронајден во обложувалница во Тетово

Кокиан е пронајден кај едно лице во обложувалница во Тетово. 

-На 28/29.07.2022 во периодот од 23.00 до 02:00 часот, полициска службеници од СВР Тетово во содејство со Државната пазарна инспекција, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршиле акциска контрола во казина и други објекти каде се приредуваат игри на среќа на подрачјето на СВР Тетово. Притоа, во спортска обложувалница на улица „Маршал Тито“ во Тетово, кај В.Д.(39) од Тетово полициските службеници пронашле кокаин. Лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица. Исто така, бил затекнат и малолетник, кој бил предаден на неговиот родител, соопшти полицијата. 

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.