Која професија ќе биде најбарана по пандемијата?

Пандемијата поради корона вирусот го „затвори“ цел свет, направи многу промени во начинот на живеење и функционирање на луѓето, а од таму доаѓа и прашањето: „Која професија ќе биде најпотреба по крајот на пандемијата?“

Програмерите ќе бидат најбарани работници на пазарот на труд во наредните неколку децении.

Тоа го изјави директорот за дистрибуција на технологија во Yandex, Григориј Бакунов, за порталот Gazeta.ru.

Тоа може да се нарече професија на иднината. Токму овие експерти ќе го придвижат човештвото напред“, изјави тој.

Бакунов смета дека ИТ сферата може да се промени поради масовното преминување на луѓето на работа од далечина за време на епидемијата од коронавирус.

Пандемијата покажа дека програмерите можат да работат и од далечина. Во врска со тоа, луѓето кои живеат во оддалечени региони и мали градови имаат повеќе шанси добро да работат во сериозни компании – тоа е фундаментална промена“, истакна експертот.

Минатата недела, експерти од Институтот за прогресивно образование соопштија дека по пандемијата, веројатно ќе бидат барани советници за кризи, експерти за дигитализација, менаџери за SMM (деловна промоција) и содржини, како и експерти за управување со време.