Која е разликата меѓу вистински и површен пријател?

Површниот пријател го започнува разговорот со вести за својот живот.
Вистинскиот пријател прашува: Што има ново кај тебе?

Површниот пријател мисли дека тешкотиите за кои зборуваш се нови и свежи.
Вистинскиот пријател вели: За ова зборуваш 100 години. Мрдни се и направи нешто во врска со тоа!

Површниот пријател никогаш не те видел како плачеш.
Вистинскиот пријател има рамена кои се потопени од твоите солзи.

Површниот пријател не знае како се викаат твоите родители.
Вистинскиот пријател го има нивниот број во телефон.

Површниот пријател ќе донесе готово јадење на твојата забава.
Вистинскиот пријател ќе дојде порано, ќе ти помогне да зготвиш и ќе остане и по забавата, за да ти помогне да средиш.

Површниот пријател не сака да му ѕвониш кога веќе легнал да спие.
Вистинскиот пријател вели: Па каде беше досега?

Површниот пријател би разговарал со тебе за твоите проблеми.
Вистинскиот пријател би сакал да ти помогне да ги решиш.

Површниот пријател кога ќе те посети се однесува како гостин.
Вистинскиот пријател го отвора твојот фрижидер и сам се послужува.

Површниот пријател мисли дека пријателството е готово по првата кавга.
Вистинскиот пријател знае дека дури по кавгата почнува вистинското пријателство.

Површниот пријател очекува дека секогаш ќе му стоиш на располагање.
Вистинскиот пријател секогаш ќе биде тука кога ќе ти треба некој.

Кој има пријатели, знае да постапува пријателски, затоа што има пријатели поверни од се на светот.