Koja e Радмила Пешева, новата директорка на „Лајка“?

Радмила Пешева од завчера е нова директорка на ЈП Лајка, претпријатието за хуман третман и благосостојба на бездомни животни во градот. 

Радмила Пешева е веганка, активистка за правата на животните, основач и потпретседателка на Анима Мунди.

Радмила Пешева е носечки активист за правата на животните од нашето основање во 2009 година, борец кој не се откажува, сопственик/вдомувач на повеќе животни, сите стерилизирани, спасени од улица. Знае дека животните се свесни, интелигентни, чувствителни живи битија, а не комунален смет кој грубо треба да се отстрани. Третманот на бездомните животни беше и остана примарна борба, велат нејзините соработници. 

-Ова е прв пат да се назначи активист за директор на јавно претпријатие кое е директно одговорно за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на нивната популацијата, за што ѝ благодариме на довербата на градоначалничката Данела Арсовска, порачаа од „Анима Мунди“. 

Оттаму велат дека ова е огромна одговорност и предизвик за Пешева, особено во услови на повеќе од ограничени финансиски ресурси и криза.