Која е професијата која ви одговара, според вашиот хороскопски знак?

Универзумот е мистериозно место и тој секогаш има некаков план за нас, но избирањето професија е посебен притисок за многумина.

Уште со влегувањето на Уран, планетата на иновацијата и бунтовништвото во Бик во 2018 година, многу работи се изменија. Оваа планета го промени начинот на функционирање за многумина, така што се фокусираме на тоа да работиме паметно, а не напорно.

Која е професијата која ви одговара, според вашиот хороскопски знак?

Овен

Вашата храброст и интензивна енергија се нешто неверојатно за вас. Иако се сметате за импулсивен знак, сепак вие сакате полека да се искачувате во хиерархијата и ве интересираат традиционални професии. Но, вие сте вистински лидер во хороскопот и затоа тоа е и она што го заслужувате. Водечките позиции се нешто што ви одговара, а вие знаете дека тоа бара посветеност и пожртвуваност и воопшто не ви е проблем да се посветите на нешто во што верувате.

Професии кои ви одговараат: пожарникар, изведувач, сопственик на бизнис, професионален спортист, министер, политичар

Бик

Вашиот знак е познат по својата тврдоглавост, а вие од друга страна обрнувате многу време на задоволствата и уживањето. Но, кога треба да се работи, сепак сте највредниот знак. Лојални сте и иновативни и ви одговараат професии каде ви е дозволена слобода да бидете свои, но и каде можете да се докажете колку вредите.

Професии кои ви одговараат: уметник, готвач, моден дизајнер, претприемач, инженер, дигитален маркетер, финансиски советник

Близнаци

Постои ли нешто што вие не можете да го направите? Вие сте комуникативни, флексибилни и едноставно брилијантни. За почеток, поседувате неверојатна суперсила да комуницирате со другите, но и да споите различни карактери во еден тим. Освен тоа, не сте себични и имате огромна емпатија за другите. Кога сте на лидерска позиција, вам не ви е важно да стекнете почит, туку да постои поддршка во тимот и да ги инспирирате другите.

Професии кои ви одговараат: писател, новинар, уредник, експерт за комуникации, маркетинг менаџер

Рак

Вашата чувствителност е вашата најголема дарба, што ве прави различни од другите. Вие сте кардинален знак кој точно знае како да ги постигне своите цели, штом се реши на нешто. Со други зборови, вие не се наметнувате како лидер, но полека ги освојувате другите со својата емпатија и лесно можете да ги водите на тој начин. Затоа и лесно се снаоѓате во професиите и на работните места каде им давате поддршка на луѓето и тоа е најголемиот квалитет кој ве прави одличен лидер.

Професии кои ви одговараат: спортист, ветеринар, професор, мотивациски говорник, гинеколог, психолог, готвач

Лав

Вие сте суперѕвезда во хороскопот и никој не може да го негира тоа. Сонцето е она што ве води низ животот и затоа блескате со неверојатна харизма, но и страст која е заразна. Имате неверојатни лидерски способности и лесно можете да ги инспирирате луѓето да ве следат. Тоа за вас доаѓа природно. Важно ви е да победувате и да постигнувате успеси и затоа за вас не е важно колку работите. Не ви е важна работата која е од 8:00 – 16:00, туку што ќе ви донесе таа. 

Професии кои ви одговараат: уметник, актер, илустратор, музичар, модел, претприемач, креативен директор, професор

Девица

Девиците се перфекционисти и еден од најпрактичните знаци во хороскопот. Вие успешно решавате проблеми и креирате стратегии дури и за најтешките ситуации.  Најголемиот квалитет што го поседувате е фактот дека вие имате неверојатна можност да се справите со различни проблеми поради вашата рационалност и логика. Највеќе инспирирани сте кога можете да бидете во различни улоги, а не ви претставува проблем кога треба да ги водите луѓето. 

Професии кои ви одговараат: писател, аналитичар, хирург, уредник на вести, инженер

Вага

Вие имате неверојатен шарм и харизма со која ги освојувате другите. Освен тоа, вашиот стил и неверојатна способност за харизма ви помагаат лесно да се поврзете со луѓето и да бидете мостот меѓу нив. Но, треба само да бидете поодлучни и поцврсти во тоа како постапувате со луѓето кои ветуваат, но ништо не исполнуваат. Балансот ви е најважен во животот и затоа никогаш нема да бидете воркохолик кој работи постојано, туку ќе работите паметно и посветено во рамки на работното време.

Професии кои ви одговараат: уметник, агент за недвижности, судија, адвокат, психолог, внатрешен дизајнер

Шкорпија

Ако не ви ја разгорува душата, тогаш ниту една работа не е за вас, драги Шкорпии. Вие сакате работа во која ќе се пронајдете и ќе бидете целосно посветено. За вас не постои зборот можеби, вие целосно се внесувате во сè што избирате да работите. Но, треба да имате на ум дека не се сите луѓе како вас и да не го очекувате тоа од нив. Често, многу работи зависат од тоа како се чувствувате во денот, но вие сте неверојатна сила која ја придвижува секоја работа и секој тим.

Професии кои ви одговараат: брокер, актер, директор, професор, адвокат, научник, истражувач

Стрелец

Луѓето ве обожаваат поради вашиот лежерен стил, но тоа воопшто не значи дека сте мрзеливи. Вашиот оптимизам и волја за работа ги инспирираат другите и вие лесно станувате лидер во секоја ситуација. Важно е само да не бидете критични кон себе и кон другите луѓе  и да му верувате на процесот, бидејќи успехот секогаш доаѓа кога се вложувате во нешто.

Професии кои ви одговараат: академик, професор, пилот, претприемач, инженер, јавен говорник, туристички водич

Јарец

Вие сакате да се потпрете на себеси и на својата прагматична страна. Наместо да преземате ризици, сакате да ги следите правилата и некои примери за коишто знаете дека функционираат бидејќи верувате дека тоа е доказ за успехот. Лесно извршувате повеќе работи истовремено и имате строга страна која ги тера луѓето да ве следат и да бидат дисциплинирани покрај вас. Вие сте еден од знаците кои полека се движи на скалилата на успехот. 

Професии кои ви одговараат: директор, адвокат, судија, психијатар, социјален работник

Водолија

Водолијата е најиновативниот знак во хороскопот, што значи дека вие сте родени за несекојдневни, но големи нешта. Често сте мистериозни за другите бидејќи работите и функционирате на начин кој не е разбран од мнозинството, но токму тоа е вашиот клуч за успехот. Освен тоа, вие лесно читате меѓу редови и можете да се справите со манипулацијата на другите. Искористете ја оваа супермоќ за поголемо добро. 

Професии кои ви одговараат: астролог, графички дизајнер, аналитичар, детектив, инженер, ИТ консултант

Риби

Вие сте знакот кој се карактеризира со неверојатна емпатија и мудрост. Освен тоа, неверојатно сте надарерни за уметност и обрнувате огромно внимание на деталите. Љубопитни сте и вашиот карактер е храбар, но и спонтан, што им се допаѓа на луѓето. За вас е важно да имате слобода во кариерата и многу искуства кои се различни.

Професии кои ви одговараат: доктор, фотограф, филантроп, режисер, биолог