
Студентите Албанци денеска повторно на протест со барање правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Но, на социјалните мрежи се појавија критики во однос на скандирањето, кое наводно е снимено за време на денешниот протест.
Имено, на видео кое што беше споделено на социјалната мрежа „Х“, може да се слушне како групата која што се движи со албански знамиња, по улицата кај Стоковната куќа „Мост“ кон мостот „Гоце Делчев“ извикува „УЧК!“.
Твитерџијата со име Далибор, во својот твит прашува: „Која е потребата да се скандира името на една терористичка организација, која не по грешка, туку со умисла масакрираше и убиваше цивилно население во 2001ва во Македонија, кога сакаш да полагаш некој испит на албански јазик?“.
Која е потребата да се скандира името на една терористичка организација, која не по грешка, туку со умисла масакрираше и убиваше цивилно население во 2001ва во Македонија, кога сакаш да полагаш некој испит на албански јазик? pic.twitter.com/es3vGNfLMa
— Далибор (@Pobeda2024) May 18, 2026
Инаку, на видеото освен албански знамиња, можеа да се забележат и знамиња на САД и Данска.