Која е најголемата грешка која ја правиме кога се чувствуваме запоставено во врската?

Се чувствувате запоставено и осамено? Мислите дека на партнерот не сте му важни како што сте му биле на почетокот на врската? Ви недостасува нивното внимание? Немојте веднаш да носите заклучоци.

Недостатокот на внимание не мора да значи дека вашите партнери се оладиле, дека ве изневеруваат или дека планираат да ве напуштат.

Најголемата грешка која (најчесто) жените ја прават во овие ситуации е обвинувањето. Не го правете тоа пред навистина да дознаете со што се справува вашиот партнер. Можеби се работи за стрес поврзан со работата, некоја болест, проблеми со родителите или некој друг член на семејството или има проблем со некој пријател. 

Експертите велат дека ако веднаш побрзате со обвинувања, тогаш вие не сте подготвени да ја сослушате неговата страна и од истата причина, тој нема да сака да ви се довери. Доколку го обвинувате дека направил нешто лошо и ужасно без да имате докази за тоа, тоа би можело уште повеќе да го оттуѓи од вас. 

Бидете сочувствителни, дајте му можност да се изјасни, сослушајте го и оставете да ви каже што го мачи и зошто не ви посветува толку внимание, а дури тогаш размислувајте и делувајте. Многу луѓе забораваат дека не смеат целосно да се потпираат на партнерот за да се чувствуваат посебно, привлечно или успешно.

Бидете си самите на себе на прво место, научите како да си се усреќувате себеси, посветете му се на своето ментално здравје и така полесно ќе се носите со сите предизвици во врската.