Која е мојата желба за 2022 година?

 

Секоја година сите си замислуваме различни желби во зависност од тоа што ни се случува во животот.

Па така и јас овие денови размислував за моите желби. 

И сфатив дека имам само една желба.

Посакувам внатрешен мир и спокој.

Затоа што без нив, ниту една друга желба нема да биде целосна.
Без нив, остварувањето на другите желби не значи ништо. 

Доколку немаме внатрешен мир и спокој, остварувањето на милион желби одеднаш нема да направи да бидеме среќни, затоа што сè почнува од душата, од мирот и од спокојот. 

И не сакам ништо материјално, не сакам ништо спектакуларно.

Сакам само мир и спокој. 

Сакам да дишам слободно.

За себе, за оние кои ги сакам и за целиот свет.

Мислам дека на сите ни е потребно тоа.