Кој заработува милијарди во Македонија?

Според официјалните бројки на Македонската берза за хартии од вредност единаесетте најголеми компании имаат нето-приход од 760 милиони евра. За првите 6 месеци на македонскиот пазар на капитал објавени се финасиските резултатит на 101 компанија кои што можата да се пофалат дека заедно имаат реализирано нето приход од околу 1,16 милијарди евра.

Во групата на топ 11 компании се најдоа ОКТА, “Макпетрол”, Македонски телеком, “Алкалоид” (консолидиран), Арчелор Митал ЦРМ, “Макстил”, “Пекабеско”, “Усје”, “Фершпед” (консолидиран) и “Гранит”.

Компанија со најголеми нето приходи во земјава е скопската рафинерија ОКТА, каде приходите достигнаа 197 милиони евра, што се повисоки за 22,7 милиони евра во споредба со оние во 2017 година.
По ОКТА на листата се најде повторно компанија од нафтениот бизнис, конкретно најголемиот дистрибутер на нафтени деривати во земјава, скопски “Макпетрол”.

Нето приходите за првите шест месеци на Макпетрол достигнуваат 157,8 милиони евра.

По овие две компании следува и најголемата фармацевска компанија скопски “Алкалоид” со приход од 77,8 милиони евра, Македонски телеком со 81,3 милиони евраи Арчелор Миттал ЦРМ со 53,8 милиони евра. И црната металургија котира добро, а предводник е Макстил кои што во првите 6 месеци од годинава реализирале приходи од 47,8 милиони евра.

Генерално пак Македонската берза за хартии од вредност во првите осум месеци од годинава во споредба со истиот период лани регистрира раст на прометот од 182,44%. Официјалните бројки покажуваат дека најголема добивка реализраат компаниите од банкарскиот, енергетскиот, услужниот сектор, а најголема загуба има кај индустријата.

На Македонската берза котираат 106 компании, но 101 досега ги имаат објавено своите финасиски извештаи.Од овие компании 72 оствариле добивка, 27 загуба.