Кој вели дека лебот не е добар за вас

И покрај бројните дилеми поврзани со корисноста на лебот како основна намирница, најновите светски истражувања за правилна и балансирана исхрана покажуваат дека лебот е сепак добар, особено доколку изобилува со нутритивни состојки, протеини, минерали и витамини кои го балансираат здравјето на корисникот. Ова не води до логична претпоставка дека сепак, постојат лебови кои се добри за нас.

Знаејќи ги добро позитивните страни од консумирањето на леб  со корисни состојки врз здравјето на човекот, иновативниот и пред се стручен и професионален тим на најголемата пекара Специјал ексклузивно ја лансира новата линија на леб која содржи 8 видови на високо протеински здрави и добри вкусови на лебови.

Токму поради исклучително здравиот состав, линијата се нарекува ,,Добриот леб”. Информациите кои се достапни засега за јавноста се дека станува збор за доста интересен микс од вкусови создадени да ги задоволат и најпребирливите, а притоа ќе бидат произведени без вештачки и прехранбени бои, без конзерванси и адитиви и токму затоа 100% го заслужуваат името Добриот леб.

Од компанијата најавуваат дека Добриот леб ќе биде на трпезата многу брзо!

,,Уживајте и слободно консумирајте добар леб, ,- порачуваат од менаџментот на Специјал.