
Македонските политичари и партиите неофицијално во кампања за претстојните локални избори. Неофицијално, според информации од Собранието првиот круг од локалните избори би се одржал на 19 октомври. Планирано е на почетокот на август пратениците да гласаат за распишување на локалните избори, а вториот круг од локалните избори ќе се одржи две недели после првиот.
Македонскиот народ ќе бира градоначалници на своите општини. Дел од кандидатите се веќе познати.
Кој сѐ ќе „трча“ на локалните избори во главниот гард Скопје?
Орце Ѓорѓиевски ќе биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје. Од СДСМ уште нема информации кого ќе кандидираат. Инаку, архитектот Мишко Ралев е најпосакуван избор за кандидат на градоначалник на Скопје во редовите на СДСМ за есенските локални избори, објави неодамна ТВ 24.
Сотир Лукровски е кандидат на ВМРО ДПМНЕ за општина Карпош. Одблиску кој е Лукаровски и што планира за во оваа општина доколку победи може да прочитата во интервјуто кое го направивме со овој кандидат.
Актуелниот градоначалник на Гази Баба Бобан Стефковски ќе биде кандидат за уште еден мандат. Негов противкандидат од СДСМ ќе биде претседателот на општинската организација Влатко Митовски.
За општина Центар, СДСМ го кандидраа актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.
Во општина Аеродром „силите ќе ги одмеруваат“ Александар Трајановски од СДСМ и актуелниот вд градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Дејан Митески.
Во Бутел актуелниот градоначалник Дарко Костовски неофицијално ќе оди со обид за уште еден мандат.
За општина Ѓорче Петров кандидат од СДСМ за прв човек ќе биде претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.
За општина Чучер Сандево, од СДСМ кандидат е актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ, а за во Сопиште Звонко Васев.
Од ВМРО ДПМНЕ кандидати на претстојните локални избори се - за Зелениково – Коста Маневскии и за Илинден – актуелниот градоначалник - Александар Ѓоргиевски.
До крајот на месецов треба да бидат објавени кандидатите за градоначалници за сите општини, од политичките партии.