Кој расфрла отров по парковите и улиците во Скопје?

Веќе два дена на социјалните мрежи се појавуваат информации кои ги споделуваат аеродромци дека на јавните површини во општина Аеродром се расфрла отров. Сето тоа доведува до загрозување на животот како на животните во општината, но и на луѓето.

– Ова не е прв пат да се расфрла отров по парковите. Но никогаш не се најде сторителот и затоа сега се повторува таквата активност, е една од реакциите на аеродромците.

Од општина Аеродром излегоа со апел до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини.

Ваквите материи претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите. Доколку најдете супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете директно во Полициската станица Аеродром на телефонскиот број 02/2432-362. Исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сè додека не дојде претставник од полициската станица, стои во апелот на општината.

Апелот на аеродромците е пак да се најде конечно кој расфрла отров.

СкопскоЕхо