Кој нема да земе К-15 годинава?

Регресот за годишен одмор работодавачот треба да им го исплати на сите кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да добие парична или казна затвор.

Регресот за годишен одмор, попознат како К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанството, но регрес нема за вработените во јавниот сектор.

Вработените во јавниот сектор и годинава ќе останат без К-15, зашто тој не е пропишан со нивниот Колективнен договор, кој е од 2010 година. Иако гранскиот синдикат во рамките на ССМ повеќе години прави обиди да се смени и овој колективен договор и во него и за работодавците од државниот сектор да се воведе обврската да им исплатуваат К-15 на работниците, резултати се уште нема.