Кој не штити: Свежи јајца и домашно пилешко месо, биолошки мед, сирење и кашкавал – сето ова се продава на социјалните мрежи

Најздрави свежи јајца и домашно пилешко месо, месо од петел, од зајак. Био зеленчук и овошје, биолошки мед, сирење, кашкавал – сето ова се продава на социјалните мрежи.

Продавачите кои најчесто се мали производители работите ги нудат на нивните профили или на посебни таканаречени страници на мрежата, а повеќето од нив нарачките ги носат до вратата на купувачот, до дома. Некои имаат посебни места каде носат повеќе нарачки, а ретко кога за да се купи нивниот производ се оди до местото каде се производеува храната или до посебна продавница. Најчесто станува збор за индивидуални производители. Но дали некој воопшто контролира што се продава на социјалните мрежи и каков е квалитетот на тие производи, пишува Фактор.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за Фактор велат дека нема законски ограничувања за продажба на храна од животинско и од неживотинско потекло преку интернет продавниците. Сепак велат дека за да се продава храна вака на интернет секој од продавачите треба да претходно да се регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство. Иако пред една година имаше и најави за контроли за евентуални измами, нема конкретни информации колку контроли се направени и кој е исходот.

ПА ШТО КУПУВАМЕ?

Граѓаните сведочат дека секојдневно на фејсбук наоѓаат понуди за свежа храна. Многу од нас веќе купиле нешто на таков начин, а посебно „популарни" се домашните јајца и месо. И покрај тоа што купувачот сам одлучува да нарача и најверојатно верува во исправноста на производот и институционално ризикот си останува кај нарачателите.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека за да се продаде хранатагтреба да е подготвена и ракувана исклучиво во објекти кои ги исполнуваат условите. Дали е тоа така со сите производи кои се нудат засега не е познато.

„Согласно одредбите од Законот за безбедност на храна, примарната одговорност за безбедноста на храната е на операторот. Тој има обврска да воспостави систем за безбедност во сите процеси, почнувајќи од примарното производство, преработката, вклучително и на дистрибуцијата на храна.Покрај исполнување на општите услови за безбедност, операторите со храна потребно е да исполнат и посебни услови кои се однесуваат на преземање на хигиенски мерки, како што се усогласеност со микробиолошките критериуми, почитување на одредени процедури во производството, контрола на температурата, вклучително и на одржување на ладниот ланец за складирање, чување и дистрибуција на храната на соодветна температура, земање на примероци за анализа, велат од АХВ.

БЕЗ РОК НА УПОТРЕБА

Според нив, операторите со храна имаат обврска соодветно да ги означат производите кои ги продаваат преку интернет со цел да се заштитат потрошувачите од доведување во заблуда.

Некои од тие кои нарачале јајца на пример, за Фактор велат дека сепак на таблата нема ниту рок на употреба, ниту пак е впишано нешто во врска со производот. Тврдат дека често купувале од исти производители па така ја стекнале довербата. Сепак велат дека помирни би биел да знаат дека некоја надлежна институција имала контрола над процесот. Он лајн продажбата во земјава во последниот период е во подем, па освен облека, обувки, книги, билети, веќе најголемо се нарачува и храна. Дел од производителите, јасно е, на ваков начин сакаат да го пласираат својот производ сакајќи да избегнат истиот да го нудат во продавници да го пакуваат и да го означуваат. Секако за вакви производи има интерес оти најчесто се рекламираат како биолошки и домашни, без пестициди и без други додатоци за кои веќе се знае дека ги има храната која се продава по маркетите на пример.

Инаку Европската унија не дозволува продажба на домашно приготвени јадења од физички лица преку интернет. Кај нив он- лајн може да продава храна само регистрирано правно или физичко лице за да може да се контролираат системите за безбедност. Објектите кои продаваат на интернет мора да имаат јавно достапна адреса, информации за трговецот, седиште и адреса.