Кој колку должи? УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.7/2017 за долгови доспеани до 31.03.2017 и неплатени до 30.06.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Листата на должници е за вкупниот износ на долгот:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

повисок од 300.000 денари за правните лица.

Според најновата листа, 4454 фирми и должат на државата над 225 милиони евра од кои најголем должник е Отекс АД Охрид со над 11 милиони евра, а втор е јавното претпријатие „Македонија пат“ со долг од над 7 милиони евра.

Комплетната листа можете да ја погледнете тука.