Викеднов полн со концерти во Скопје. Имено, во ист викенд концерт ќе имаат македонската поп ѕвезда Калиопи, балканската контроверзна шоу-ѕвезда Јелена Карлеуша, како и Саша Ковачевиќ.
Јубилејниот спектакл на Калиопи ќе се одржи вечерва во салата „Борис Трајковски“ со којшто дивата ќе одбележи 40 години на сцената. Нејзиниот концерт во Скопје доаѓа по речиси седум години, а како гости ги најави Слаткаристика, Жељко Самарџиќ и Ромео Грил.
Карлеуша вечерва ќе пее во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Вечерва свој концерт во еден трговски центар во Скопје ќе има и миленикот на женската публика ширум Балканот Саша Ковачевиќ.
Кој ќе собере најголема публика или на каква музика најмногу сакаат да се забавуваат Македонците?
На темава интересен став на платформата „X“ сподели еден корисник.
Што мислите вие?
Во ист ден концерти на Калиопи, Јелена Карлеуша, Саша Ковачевиќ и мислам Фолтин во Скопје...да погодуваме кај ќе има најмногу луѓе .
— Shelby (@LawBoy30) October 19, 2024