Кој ќе ги забавува гостите на гурманскиот викенд со пиво?

Скопското кале и годинава ќе дочека стотици обожуватели на пиво на традиционалната манифестација - Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2017“.

На манифестацијата која ќе почне на 7 и ќе трае до 12 август присутните ќе имаат можност да се забавуваат со музиката и изведбите на Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив, како и македонскиот рап состав САФ.

Бидејќи овој настан се поклопува со одржувањето на Суперкупот во Скопје на 8 август, тој дена за љубителите на фудбалот на 7 и  на 8 август се планирани содржини во кои ќе може сите да  уживаат во навивачка атмосфера.

Град Скопје годинава за одржување на „Пиволенд 2017“ ќе  издвоени 600.000 денари од буџетот.

Со одржувањето на Пиволенд ќе започне и големата летна забава „СУПЕР СКОПЈЕ“, којашто ќе се одржи на повеќе локации низ градот Скопје.