Кој како стигнал отворил игротека – АХВ затвори 13 објекти, 32 се казнети, а на 19 им е наложено да отстранат недоследности

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на почетокот на овој месец спровела вонредни контроли во игротеките во земјава.

Од АХВ информираат дека со контролите биле опфатени 92 игротеки при што било утврдено дека 16 од нив, не се регистрирани во АХВ како оператори со храна. Кај 8 инспекциските служби утврдиле дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса.

„Кај 16 игротеки утврдено дека вработените немаат спроведено здравствени прегледи, а утврдени се и отстапувања во поглед на безбедноста на храната, при што се запленети и нештетно уништени 11,5 килограми млечни производи. За утврдените недоследности издадени се 19 решенија и наредени мерки за нивно отстранување, времено се затворени 13 игротеки, а на 32 изречени им се парични казни“, се вели во соопштението на АХВ.