Кој ја поцрне водата во Усјанскиот канал?

На ден 06.04.2020 год. по претходно укажување на граѓани за обојување на водите на Усјански канал Инспекторатот на град Скопје изврши вондреден инспекциски надзор и зема примероци на вода од три мерни места. Исто така заради утврдување на изворот на обојувањето на водата во Усјанскиот канал во координација со ДИЖС направен е увид и земена е мостара од испустот на пречистителната станица лоцирана во кругот на фабриката Цементарница УСЈЕ АД, информираат од Инспекторат на Град Скопје.

Од таму додаваат дека од страна на овластениот инспектор за животна средина на Град Скопје изготвен е записник на кој присутните лица Државен инспектор од ДИЖС и лице претставник на Цементарница УСЈЕ АД немаа никакви забелешки. Мострите се испратени на анализа во Центар за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација и Централната лабораторија при МЗСПП.

Од анализираните примероци утврдено е отстапување од гранични вредности утврдени со Правилникот за условите начинот и граничните вредности на емисија за испуштањето на отпадните води по нивно прочистување, начин на нивно пресметување, имајчи ги во предвид посебните барања за заштита на заштитните зони (Сл.РМ. 81/2011) Евидентирани се надминувањата на Нитрати и Сулфати. Инспекторатот на Град Скопје ја достави целокупната документација до ДИЖС за понатамошно постапување бидејќи се работи за инсталација која поседува А - Интегрирана еколошка дозвола, информираат од Инспекторат на Град Скопје.