Кој град е неславен „лидер“ во семејно насилство?

Расте бројот на пријави за семејно насилство до полицијата. Министерството за внтрешни работи секојдневно споделува за случаите во кои се интервенира при насилство и закани во рамки на семејството. 

Од дневните билтени од почетокот на месец април, може да се констатира дека Тетово засега е „лидер“ во пријави за семејно насилство. Жртви најчесто партнерките, но и родителите и браќа/сестри. 

Еве што е забележано во полициските извештај од почетокот на месец април: 

- На 05.04.2026 во 13:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода О.С. (47) од Тетово. Претходно, во 12:40 часот во ПС Тетово, неговиот 76-годишен татко, пријавил дека подолг временски период тој и неговата сопруга се жртви на семејно насилство од страна на нивниот син. Според пријавата, О.С. во алкохолизирана состојба секојдневно кршел предмети во домот и упатувал сериозни закани по нивниот живот. По лишувањето од слобода, кај О.С. биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

- На 05.04.2026 во 15:30 часот во гостиварско село, полициски службеници го лишија од слобода Р.А. (27), кој бил пријавен од страна на неговата поранешна вонбрачна партнерка дека откако ја прекинала врската, Р.А. дошол пред домот на нејзините родители со патничко моторно возило „бмв“ и им упатил сериозни закани по животот. 

- На 05.04.2026 во 15:40 часот во ПС Тетово, 30-годишен маж од Тетово пријави дека на улица „Илинденска“, додека се движел со својата сопруга, бил физички нападнат од неговиот брат Р.З. (26). 

- На 05.04.2026 во 19:40 часот, полициски службеници го лишија од слобода Џ.М. (49) од село во општина Брвеница, по пријава од неговата сопруга со која се во бракоразводна постапка, дека ѝ упатил закани по животот. Џ.М. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- На 06.04.2026 околу 01:30 часот, во ПС Тетово, Ќ.Б. (31) од Тетово пријави дека била физички нападната од нејзиниот брат Ќ.Б. (26), во близина на рекреативниот центар „Бањиче“. Ќ.Б. е лишен од слобода, а при преглед кај него е пронајдена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе бидат следува соодветен поднесок. 

- На 03.04.2026 во 21:26 часот во СВР Тетово 31 годишна жена од Тетово пријави дека во нивната семејна куќа била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М.(31). И.М. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

- На 03.04.2026 во 23:00 часот во СВР Тетово, 23 годишна жена од Тетово пријави дека во семејниот дом била психички и физички вознемирувана од нејзиниот невенчан сопруг Ф.Р.(23). Веднаш по пријавата полициски службеници го лишиле од слобода. 

Ќе следуваат соодветни пријави до сторителите.