Кој го доби дресот на Буфон?

Голманот на Јувентус беше буквално соблечен од македонските фанови по завршувањето на мечот во Скопје, кој Италија среќно го доби со 3:2.

Откако на него остана само дресот, љубителите на фудбалот се запрашуваа во чии раце отиде тој, а одговорот го даде братот на македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ, кој на социјалните мрежи позираше со “единицата“ на легендарниот италијански голман.