Кој ги уништува детските игралишта?

Сведоци сме на секојдневно уништување на детските игралишта во сите населби во Скопје но и низ земјата…

Од фотографијата која на својот профил на Фејсбук ја објави Вера Ошомуш Данилова, убаво се гледа како група млади деца смислено уништуваат една клацкалка…

Се согласуваме дека ова е друго време, дека не е како порано, но понекогаш е потребно децата да имаат повеќе обврски (освен оние школските) па да немаат време за „глупости“. Ако веќе имаат премногу неискористена енергија најдобро е родителите да ги запишат на некој спорт кој ќе им помогне да се дисциплинираат, имаат обврска – и да ја потрошат одвишната енергија. СРАМОТА!

„Еве како хулиганите од 12 – 13 години во Паркот а миленици во населба Ново Лисиче се забавуваат кршејќи ги реквизитите…притоа, ако се обидеш да ги опоменеш дека се однесуваат некултивирано, ќе добиеш канонада од вулгарни пцовки. Тешко и на државата со вака испуштени деца“, напиша загрижената граѓанка.