Кој е виновен за бездомните кучиња по скопските улици?

Институциите или пак негоговорните сопственици се виновни за тоа што секојдневно има се повеќе бездомни кучиња по скопските улици?

Активистите вината ја делат на пола. Ако граѓаните се одговорни, нема да има бездомни животни, истакнуваат тие. А, ако има добрi институции, тогаш истите ќе бидат згрижени. 

Иако Агенцијата за храна и ветерина пушти бесплатно микрочипирање за миленици, кои ќе помогнат за контрола, сепак проектот не вроди многу со плод, бидејќи бројката не бездомни кучиња се уште е иста.

Граѓаните повторно сведочат за непријатни ситуации со бездомните кучиња. Случаите на напади од кучиња, но и труења на скитниците, не стивнуваат. Оние што се плашат од уличните кучиња и оние што не се плашат, се согласуваат дека мора да се најде решение и да се вложи.

Околу труењата на кучињата, од здруженијата за заштита на животни велат дека полицијата мора посериозно да постапува.

Активистите за правата на животните посочуваат дека државата треба да воспостави контрола врз тоа кој, каде размножува и каде завршуваат новите единки.