Кој е Стефан Богоев - најмладиот градоначалник на СДСМ?

Стефан Богоев актуелен пратеник во Собранието на РМ многумина го запознаа како дел од Шарените револуционери меѓу кои се истакнуваше најмногу.

Според биографијата Богоев е роден на 28.8.1989 во Скопје.Тој е дипломиран економист на Универзитетот Американ колеџ - Скопје.

Сега пред новиот градоначалник на општина Карпош ќе има голем предизвик. Млад влегува во политичите води а уште на самиот старт најави ревизија на финансиското работење на општината која беше управувана до Стевчо Јакимовски.

Јакимовски вчера беше меѓу првите градоначалници кои јавно излегоа и му ја честитаа победата на својот противкандидат.