Постојано се прашуваме што е среќата и како да ја стекнеме. И со таа мисла се мачиме речиси цел живот. А всушност вистината е многу едноставна.
Според суфиската филозофија, еден од основните предуслови за среќа е можноста да седиме покрај луѓето кои ги сакаме. Само да седиме и да не правиме нешто, да не зборуваме ништо.
Да гледаме едни во други, или да не се гледаме воопшто.
Восхитувањето и среќата доаѓат од фактот што сте опкружени со луѓе покрај кои се чувствувате добро.
Нема потреба да ја пополнувате околината со звуци и зборови.
Доволно е и со молчење да го чувствувате присуството на пријателот.