Кој е од побогато маало ќе плаќа поскапо

Зелено пазарче, Бит-пазар, Тафталиџе, Буњаковец, пазарчето во Ченто и во Ѓорче Петров се најпосетени пазари во градот покрај големата разлика во цените, најголем дел од граѓаните пазаруваат на зелените пазари што им се најблиску до домовите.

Споредбата на цените на овошјето и зеленчукот покажува дека најскапо плаќаат граѓаните што купуваат на пазарите во Тафталиџе и Буњаковец, додека Бит-пазар и Зелено пазарче си конкурираат со пониски цени, со таа разлика што Бит-пазар нуди поголем квалитет и избор.

Тезгаџиите признаваат дека голема улога во формирање на цените има стандардот на граѓаните, односно ако во околината живеат побогати муштерии растат и цените.

На пазарот во Тафталиџе, граѓаните на пазарот најмногу купуваат салата и сезонско овошје.Цените во Тафталиџе се да паднеш во несвест, да влезеш и да бегаш, ова е најбогата населба, сите што имаат добри работните места тука живеат.

-Одам овде на пазар бидејќи и јас тука живеам и иако одвај преживувам морам да плаќам скапо. Според мене Зелен пазар е најевтин - вели Катерина жител на Тафталиџе.

Од најскапиот пазар заминавме во обиколка на Бит-пазар. Како еден од поголемите пазари граѓаните овде имаат поголем избор, но најчесто доаѓаа и бидејќи го сметаат за поевтин.

- Купувам некои основни продукти за дома.Овој е најевтиниот пазар во градот, јас живеам во Кисела Вода, но еднша до два пати во неделата доаѓам да пазарм овде. Гледам бананите се секаде 65, 70 днари овде се 40 денари, доматот е  скоро по 100 денари овде е 50 денари, вели Благоја А.

Цените на Зелено пазарче се пристојни, но во вторник и петок има голема навалица од пензионери и тезгаџиите драстично ги зголемуваат цените - вели Светлана Ангеловска, која живее во близина на пазарчето.

Неколку фактори влијаат при формирање на цената, велат од Здружението на тезгаџиите. - Цените се формираат според стандардот на купувачите, односно нивната економска моќ. Цената, секако, зависи и од добавувачите од кои се купува на големо ако кај нив расте цената, расте и кај нас.

Пазарџиите ќе имаат лиценци на една година

За пазарите во Македонија ќе нема фискализација се до влез на државата во ЕУ, а регистрацијата на фирма нема да биде преку Централен регистар туку со лиценци кои ќе ги издава Комората на трговци. Ова се предвидува со новиот Закон за трговија на зелените пазари, кој беше донесен на 11 овој месец во рамки на 13 седница на Собранието на Република Македонија.

Тезгаџиите на зелените пазари ќе добијат статус на вработени. Ќе им се регулира пензиското и здравтсвено осигурување. Досега работеа само со договор за закуп на тезга и се водеа како невработени, а оние со регистрирани фирми плаќаа за книговодстсвени трошоци.