Кој е нов директор во Управниот одбор на ФАКОМ?

Компанијата Факом ја заврши работната недела со многу важна информација поврзано со промена на раководната структура, при што добивива нов член во Управниот одбор.

Како што објави Фактор, со последната одлука како нов директор во Управниот одбор влегува Игор Трајковски, кој претходно немаше функција во комапнијата од Скопје. Исто така засега не е откриена неговата специфична улога, бидејќи на веб сајтот и натаму стои стариот состав на директори во одборот на Факом со тоа што извршната функција ја има генералниот директор Златко Симоновски.

Факом е компанија која се занимава со проектирање, роизводство и монтажа на челична конструкција и делови на конструкции, сите видови на заварени носачи и изградба и како монтажа на опрема за капитални индустриски и термоенергетски објекти.

Според последните информации на берза, акциите на Факом одамна не се тргувале, а минатата година не беше доделена дивидена на акционерите. Факом АД Скопје 2017 ја заврши со приходи од 2,1 милиони евра што е за нијанса подобро од годината претходно, но со намалена добивка која изнесува 37 илјади евра или околу 250 илјади евра помалку во однос на 2016 година.