Кој е најважниот фактор за среќа?

Едно од најдолго спроведуваните истражувања се чини дека го има одговорот кој е факторот за среќа во нашиот живот. Станува збор за истражувањето имплементирано од универзитетот Харвард кое го следело животот на две групи на луѓе во период од 75 години, а денес ги следи нивните деца со цел да одреди како искуствата од детството влијаат на на здравјето и благосостојба во подоцнежните години од животот.

Според ова истражување, главното нешто кое влијае на нашата среќа се добрите врски и односи со луѓето. Тоа е нешто што не прави поздрави и посреќни. Според истражувањето, кога имаме некој на којшто можеме да се потпреме, нашиот нервен систем се опушта и му помага на мозкот да остане здрав и да ја намали емоционалната болка. Истражувањата покажуваат дека оние кои се чувствуваат поосамено во раните години од својот живот, се соочуваат со влошено здравје во подоцнежните години од животот.

Според истражуваачите, не е важно колку пријатели имаме, туку колку посветени сме во врските и односите со другите луѓе и какви односи градиме кон нив. Според нив, клучниот фактор за среќа е квалитетот на односите кои ги имаме со нашите најблиски.

Ова е многу добар потсетник за важноста на поврзаноста со другите. Сепак, колку пари и да имаме, без добри врски со другите, нема да бидеме среќни.