Кој е најнежниот и најсаканиот хороскопски знак?

Се работи за луѓе кои се најнежни од сите хороскопски знаци, кои се полни со истенчени чувства и убава енергија. Имаат развиена емпатија и навистина се грижливи во меѓучовечките односи и секогаш се водат исклучиво според срцето. 

Станува збор за луѓето родени во хороскопскиот знак Рак! 

Тие имаат постојана желба да се повлечат во сигурноста на својата школка со цел да се заштитат. Со овој емоционален знак владее Месечината која симболизира мајчински инстинкт и носталгија.

Тие се благословени со длабока сентиментална сила и способност за создавање опкружување во кое чувствата можат да излезат на површина. 

Елементот на Ракот е водата, што значи дека низ нишката на чувствата лесно се поврзуваат со другите луѓе. Ракот е океан од емоции, нурнат во бескрајната свест и интуитивната сила. Тие се чувствителни на чувствата на другите. Удобноста и емоционалната сигурност се важни за нив, па ќе го отворат срцето само ако чувствуваат дека другата страна им дава чувство на емотивна заштита.

Во љубовта се исклучиво лојални, посветени и полни со сочувство. Од друга страна, тешко влегуваат во врски и тешко се отвораат затоа што се плашат дека ќе бидат повредени. Најмногу сакаат мирна и природна врска во која сите карти се отворени. За нив, совршената љубов е мирно море, без турбуленција. 

Во љубовта сакаат приватност, интима и затвореност. Наместо излегување и големи друштва, повеќе сакаат да уживаат во друштвото на партнерот во семејниот дом. 

Нивни совршени партнери се: Скорпија, Риби, Бик и Девица.