Кој е најголемиот загадувач на воздухот – Инспекторите за животна средина на терен

Се поставува прашањето кој е најголемиот загадувач на воздухот?

Многубројни палења отпад на отворено кои покрај загадувањето на воздухот претствуват и опасност за безбедноста на граѓаните и неконтролирано користење несоодветни горива во индивидуалните куќи и во индустриските капацитети од помал обем е само дел од она што инспекторите за животна средина го затекнале при неколку теренски контроли на територијата на скопските општини Карпош Гази Баба и Ѓорче Петров.

Од инспекцискиот совет сметаат дека потребно е поголема кадровска екипираност за квалитетни решенија.

Деновиве членовите на инспекцикиот совет и раководните лица на сите инспекциски служби во Охрид дискутираа во делот на промената на легислативата ,потребите и проблемите со кои што секојдневно се соочуваат и техничките потреби.