Кој е најдобриот начин да направите детоксикација на вашето тело?

Постојано читаме за различни режими на исхрана, напитоци и храна кои можат да ни помогнат за неколку дена да го исчистиме своето тело од отровите.

Иако таквиот вид на детоксикација е одличен за чистење на црниот дроб и целото тело, сепак треба да се внимава на екстремните режими на исхрана кои можат да го истоштат телото. Чистењето на телото и детоксикацијата треба да се случуваат редовно и на соодветен начин.

Кој е најдобриот начин за тоа?

Јадете анти-воспалителна храна

Конзумирајте здрави состојки кои за почеток нема да донесат многу токсини во вашето тело. Тоа е овошје и зеленчук, но и јаткасти плодови и семиња кои се многу корисни за нашето тело. Избегнувајте тешка , мрсна и многу преработена храна која содржи многу отровни, а премалку хранливи материи. Доколку конзумирате слатки, потрудете се тоа да видат природни засладувачи.

Пијте повеќе вода и природни пијалоци

Не би сакале да ве натажиме, но доколку сакате да го детоксицирате вашето тело, алкохолот е првото нешто на коешто треба да заборавите. Наместо тоа, пијте многу вода, лимонади и смути пијалоци. Цитрусните пијалоци предизвикуваат создавање на повеќе ензими во црниот дроб, што придонесува за подобро варење. Додајте чај во исхраната, а особено зелен чај кој содржи антиоксиданти кои ги исфрлаат токсините, но и кој штити од срцеви заболувања и рак. Пијте и млеко, бидејќи ја подобрува работата на црниот дроб.

Бидете активни

Потењето  е еден од начините за исфрлање на штетните материи од телото, на природен начин. Освен тоа, редовното вежбање помага да се чувствувате помалку напнати, посреќни и да имате повеќе енергија.

Јадете помали оброци

Големите и тешки оброци предизвикуваат прејадување и надуеност, што го оптеретува системот за варење. Затоа наместо два големи оброци, јадете повеќе помали оброци во текот на денот.

Грижете се за вашата кожа

Добрата грижа за кожата е многу важна. Таа почнува од соодветното туширање и капење, преку ексфолијацијата на мртвите клетки од телото и поттикнување на растот на нови клетки. Додадете морска или Епсом сол во вашата купка. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од токсините и внатрешно и надворешно.

Наспијте се

Квалитетот на сонот во голема мера влијае на одржувањето на добро здравје. направете си мал рај за спиење во вашата соба. Ослободете ја собата од зрачењето на уредите и тоа нега биде темна и пријатна просторија. Држете се до навиките за спиење за да спиете барем 7 часа во текот на ноќта. Тоа ќе ви помогне подобро да се справите со стресот, но и ќе ги запре лошите и воспалителни процеси во вашето тело.