Кој е клучот за подолг живот?

Истражувачите од Универзитетот во Единбург спровеле голема мета-анализа на гените кои се одговорни за подолг живот. Тие биле во можност да измерат како одредени гени и начинот на живот придонесуваат во додавањето на барем неколку месеци од нашиот живот.

Истражувањето, објавено во списанието Nature Communications, ги анализирало генетските информации кај повеќе од 606.000 луѓе. Бидејаќи човекот го дели генетското потекло со своите родители, овој тим го открива влијанието на различните гени врз долговечноста.

“Моќта на големите податоци и генетиката ни дозволуваат да го споредиме ефектот на различните однесувања и болести во однос на изгубените или стекнатите месеци и години на живот, и да направиме разлика помеѓу здружувањето на гените и каузалниот ефект”, вели проф. Џим Вилсон во соопштението.

Исто така, научниците го зеле во предвид начинот на живот, за да се потврди независноста од генетски ризици, но во исто време можеле да ги споредат луѓето со слични фактори на ризик, за да се види колку различните однесувања на поединецот ги менува шансите за долг живот.

Она што не не изненадува е фактот дека луѓето кои спортуваат и живеат поздрав живот подолго живеат. Во меѓувреме, пушењето, срцевите проблеми, дијабетесот и преголемата телесна тежина го намалуваат нашиот животен век. Секоја единица над нормалната вредност на БМИ е еднаква на 7 месеци помалку од животот.

Како и да е, пушачите кои ќе прекинат со оваа навика, со текот на времето можат да го достигнат истиот животен век како и непушачите.

“Нашата студија го проценува каузалниот ефект од изборот на нашиот начин на живот. Откривме дека, во просек, пушењето по една кутија цигари дневно го намалува животниот век за 7 години, а губењето килограми кај луѓето со голема тежина ќе го зголеми животниот век за два месеци”, вели лидерот на студијата, д-р Питер Џоши.

Тимот исто така идентификувал ген, поврзан со нивото на холестерол во крвта, што може да го намали нашиот животен век за 8 месеци, и еден поврзан со имунолошкиот систем, кој може да додаде околу 6 месеци.

Податоците доаѓаат од 25 одделни студии, спроведени во Европа, Австралија и Северна Америка.

nike air max 1 sale