Кој е хороскопскиот знак од кој треба да бегате?

Секој од нас има различни карактеристики и ставови и додека некои хороскопски знаци ни одговараат како партнери и пријатели, постојат и оние кои воопшто не ни одговараат и од кои треба да се држиме подалеку.

Овен

Риби – Вие сте премногу практични, а тие пак претерано емотивни. Ќе ви биде потребен огромен напор за да успее таквото пријателство или врска, а веројатно сте и премногу нетрпеливи за да бидете во однос кој бара премногу разбирање од вас. Едноставно не сакате да одите на стаклени нозе.

Бик

Близнаци – Тие се многу гласни, претерано комуникативни и едноставно преплитки за вас. Вие сакате постојаност, стабилност и рутина, а Близнаците се тотална спротивност од тоа.

Близнаци

Девица – како и Биковите, така и Девиците се многу практични. Тие сакаат рутина и сакаат да минуваат време сами, а тоа е нешто што вие не го разбирате. Тие можат да бидат досадни за вас бидејќи секогаш се резервирани и мислат 2 пати пред да кажат нешто, а вие не го сакате тоа.

Рак

Јарец – Јарците се како без емоции и тие не се приврзуваат лесно за луѓето и потребно им е време да се отворат пред некоја личност (ако воопшто го направат тоа), додека пак вие од друга страна сте многу грижливи личности на кои им се потребни силни емоции и разбирање.

Лав

Вага – Вие имате огромно его и огромни барања за внимание за секогаш дипломатичната и тешко одлучна Вага. Во ваквото пријателство или врска нема да имате никаков предизвик, а вам ви се потребни предизвици секогаш и секаде. Потребен ви е постраствен знак.

Девица

Стрелец – едноставно кажано, вие сакате да сте на едно место, ја сакате рутината, а тие се тотална спротивност од вас. Сакаат постојано да се на различни места и никогаш не се знае кој е нивниот следен потег.

Вага

Рак – Вие ги сакате сите работи во умерена доза и не можете да се носите со силниот интензитет на Раковите. Тие едноставно прават да се чувствувате непријатно. Во пријателството или врската со нив, секогаш ќе се чувствувате како нешто да сте им згрешиле.

Шкорпија

Лав – колку и да имате заеднички интереси, и двата знаци сте харизматични, сигурни во себе и сакате внимание. Сепак, тоа може да биде и причината зошто би се однесувале како сè да е натпревар меѓу вас.

Стрелец

Бик – Биковите не можат да го разберат вашиот начин на живот. Тие се перфекционисти кои трагаат по мир и стабилност, а вие живеете ден за ден. Ќе се уморите од тоа колку ќе ви кажуваат како да го живеете својот живот.

Јарец

Овен – освен работа, нема да се сложите за ништо друго. Секогаш ќе постои недостаток на комуникација бидејќи Јарците се таинствени, а на Овните им недостасува трпение. И двата знаци мислат дека нивниот начин е најдобар, што може да предизвика силна експлозија меѓу нив.

Водолија

Шкорпија -  вашата бунтовна природа може да ги извади од такт Шкорпиите. Тие не простуваат лесно и многу се грижат како изгледаат во јавност, а тоа вам  за тоа воопшто не ви е грижа. Вие сте слободен дух, кој ужива во својата чудна страна, а тие се грижат за својата репутација. Едноставно, нема да успее.

Риби

Водолија -  Рибите не можат да се носат со непостојаноста на Водолиите. Вие сте премногу емотивни личности кои сакаат внимание и сакате да зборувате за тоа, а од друга страна Водолиите знаат да се изгубат во својата глава и не можат да ги прочитаат вашите емоции.