Кој е хороскопскиот знак кој треба да го избегнувате?

Хороскопот дава одговор кој од хороскопските знаци никогаш не може да ви биде добар пријател.

Овен

Риби – вие сте практични и ве нервираат претерано емотивните претставници на овој знак. Потребно е многу време и напор пријателството или врската да успеат, посебно поради тоа што вие сте многу нетрпеливи, а исто и често многу зафатени од тоа што Рибите би го барале постојано од вас.

Бик

Близнаци – тие се многу комуникативни и претерано гласни. Вам ви е потребна постојаност, лојалност и рутина, а Близнаците го презираат тоа и се социјални пеперутки.

Близнаци

Девица – исто како и Бикот, Девиците се многу практични и ја сакаат рутината, но и времето кое го минуаат сами. Затоа и се многу резервирани во однос на нивните чувства и мисли, а вие секогаш го кажувате тоа што го мислите.

Рак

Јарец- Јарците се студени и потребно им е време да се поврзат и да веруваат некому, додека пак вие сте грижливи и сакате да им верувате на луѓето. Вашите силни и интензивни емоции се нешто што Јарците никогаш не би можеле да го разберат.

Лав

Вага – вие сте премногу гласни за дипломатичната и балансирана Вага. За вас, животот е полн со драма и предизвици, а тие избегнуваат секаков проблем.

Девица

Стрелец – едноставно кажано, вие сакате да бидете на едно место, додека пак Стрелците сакаат да талкаат низ светот. Вие би имале многу малку време за да се гледате, бидејќи Стрелецот постојано ги планира своите нови дестинации.

Вага

Рак – вие сакате сè што е умерено, додека пак претерувањето на Ракот би правело да се чувствувате непријатно. Секогаш би имале чувство како да не ги правите нештата како што треба и ќе се чувствувате виновни.

Шкорпија

Лав – и двата знаци имаат многу заеднички работи и токму тоа е она што ќе направи да не се поднесуваат. Шкорпиите и Лавовите се харизматични и имаат многу самодоверба што ги прави  и да сакаат многу внимание од другите.

Стрелец

Бик – Бикот никогаш не би го поддржал номадскиот начин на живот на Стрелците. Тие се перфекционисти кои сакаат да ја планираат иднината, ден по ден.

Јарец

Овен – освен кога станува збор за колеги, Јарецот и Овенот не се сложуваат премногу. Секогаш ќе постои лоша комуникација бидејќи Јарецот е молчалив, а Овенот нетрпелив. И двата знаци сакаат нештата да бидат направени на нивниот начин, што е многу веројатно да доведе до експлозивна караница.

Водолија

Шкорпија – вашата бунтовничка природа може погрешно да биде сфатена од Шкорпиите. Тие не простуваат лесно и многу се грижат како изгледаат во јавност, додека пак вие сте чудни и не сте многу загрижени што другите мислат а вас.

Риби

Водолија – вие никогаш не можете да се носите со честата промена на мислите и емоциите. Вие сте многу емотивни и сакате кога некој обрнува внимание на тоа како се чувствувате. Но, водолиите често се губат во својата глава и не можат да го прочитаат вашето однесување и чувства.