Кој е градот кој е „имун“ на коронавирусот?

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментов нема ниту еден активен случај со коронавирус.

Според податоците, најмногу заболени има во Скопје (1335), Штип (400), Гостивар (326),  Куманово (276), Струга (195) и Тетово (190).

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.648 лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.839, на оздравени пациенти е 7.664, на починати е 527.