Кој додаток во исхраната е најдобар за вашиот мозок?

Покрај тоа што ни помага подобро да изгледаме, здравата исхрана, односно внесувањето на квалитетни суплименти може да го поттикне правилното функционирање на мозокот како и да ја одржи „виталноста“ на нервните клетки.

Според неколку спeцијалисти по медицина, куркумата како најактивна состојка на турмерикот е најзаслужен за одржување на здравјето на мозокот.

Според специјалистот по медицина Вилијам Кол, голем дел од проблемите на мозокот може да бидат поврзани со пропустливоста на крвно-мозочната бариера.

Ваквата состојба најчесто произлегува од воспаление, а истата може да доведе до ситуација на дополнително воспалување, од причина што мозокот работел „прекувремено“.

Во вакви моменти куркуминот е едно од ретките работи кои можат да помогнат, бидејќи тој е еден од најмоќните убијци на воспаленија во природата.

За разлика од многу додатоци кои бараат пролонгирана употреба за да покажат резултати, куркумата најде успех во зголемувањето на меморијата, но и во подобрувањето на расположението и намалување на нивото на стрес за многу кратеок период.