Кои се тајните на луѓето кои имаат среќа во сè?

Среќата е многу едноставна состојба, но ние често ја комплицираме со нашите анализи и потреба да ја објасниме.

Иако не можеме да бидеме постојано среќни, сепак сите знаеме барем една личност за која би рекле дека има среќа на сите полиња.

Кои се тајните на ваквите луѓе?

Право на избор

Среќните луѓе не сметаат дека се заглавени во некои друштва или ситуации, туку секогаш веруваат дека имаат избор и право да го изберат и направат најдоброто за себе. Тие не губат време на луѓе кои не ги ценат и не ги сфаќаат сериозно, туку прават напор да се опкружат со позитивни луѓе со кои можат да споделат добра енергија.

Одговорност за своите грешки

Среќните луѓе не ги обвинуваат другите постојано. Иако знаат дека другите луѓе некогаш грешат, свесно или ненамерно, тие преземаат одговорност за своите грешки и се трудат тоа да го поправат. 

Право на грешки

Овие луѓе знаат дека не можеме да бидеме совршени и им дозволуваат и на другите околу нив да направат грешка. Не го земаат тоа за зло и се трудат работите да ги решат низ отворен разговор. За нив, сите грешиме, но важни се чекорите кои ги преземаме откако ќе направиме грешка. 

Живеат овде и сега

Тие не се заглавени во минатото и не се плашат од иднината. Живеат во сегашниот момент со тоа што го имаат. Не е дека не се навраќаат на минатото или дека не сонуваат за подобра иднина, туку не го трошат своето време на сегашноста на нешто што е зад нив и пред нив. 

Почит кон себеси и кон другите

Тие имаат почит кон другите, колку и да се различни од нив, но не забораваат на себеси. Се почитуваат себеси и почитта ја бараат од другите околу нив. 

Карма – прави добро и ќе ти се врати добро

Овие луѓе веруваат дека правењето добро за другите е наша одговорност. Тие се добри и љубезни со другите, но знаат дека некои луѓе едноставно не се такви и не очекуваат дека сите ќе бидат добри кон нив. Нивното мото е дека доброто се враќа со добро, низ различни аспекти од нашето живеење.