Кои се работите од кои треба да се откажеме за да бидеме среќни?

Често велиме дека многу малку ни треба за да бидеме среќни, а уште почесто зборуваме дека нашите животи се многу комплицирани и дека потребни ни се значајни промени. Но, не правиме ништо околу тоа.

Во своите животи имаме премногу работи кои ни предизвикуваат стрес, болка и страдање и наместо да се фокусираме да ги отстраниме таквите нешта и да бидеме среќни, ние се држиме поцврсто до нив.

Ослободете се од потребата да бидете постојано во право.

Постојат многу луѓе кои не можат да ја поднесат идејата да не бидат во право. Тоа го прават дури и по цена да ги завршат врските и односите со луѓето кои им значат. Едноставно не вреди. Секогаш кога ќе се почувствувате дека влегувате во кавга во која морате да победите, прашајте се себеси дали вреди и каква разлика ќе се постигне со тоа.

Ослободете се од потребата за контрола.

Ослободете се од  потребата постојано да ги контролирате сите ситуации, луѓе и настани. Тоа е  невозможно и може да ви предизвика голем стрес. Без оглед на тоа дали се ваши блиски личности или луѓето кои ги среќавате ретко, дозволете им да бидат тоа што се. Ослободете се од потребата да влијаете на сите ситуации на коишто не можете да имате контрола. 

Ослободете се од обвинувањата.

Ослободете се од потребата да ги обвинувате другите за тоа што го имаат или го немаат, за тоа што го чувствуваат или не го чувствуваат.  Преземете контрола за својот живот и за тоа што го правите и тоа нека биде единственото нешто за што ќе се грижите.

Ослободете се од негативното размислување.

Колку се повредувате себеси со своето негативно размислување и сите лоши зборови кои си ги кажувате себеси. Не му верувајте на вашиот ум за сите нешта кои ви ги кажува, а особено не му дозволувајте да размислува негативно. Окружете се со позитивни луѓе и настани и живејте така.

Ослободете се од потребата да ги импресионирате другите.

Престанете да се трудите постојано да бидете обожавани од другите. Тоа не функционира така. Во моментот кога ќе престанете да ги импресионирате другите со обидот да бидете нешто што не сте, истиот момент кога ќе ги тргнете маските, тогаш за почеток ќе се прифатите себеси и на тој начин ќе ги привлечете луѓето кон себе.

Ослободете се од стравот од промени.

Промените се добри, тие помагаат да се придвижат од една точка до друга. Тие ќе направат значајни подобрувања во вашето живеење и во животите на луѓето околу вас. Не се плашете од промените, само прифатете ги.