Кои се работите кои мажите не ги сакаат кај жените?

Постојат голем број митови за тоа што сакаат и што не сакаат мажите и жените, но за да ги разрешиме ви ги пренесуваме одговорите на мажите за женското списание Cosmpolitan. Ова се некои од нив.

Непристојна облека

Некои жени веруваат дека ќе ги освојат мажите ако се облечат атрактивно и ги покажат своите атрибути, но мажите не го сакаат тоа премногу. Според нивните одговори, тие ги преферираат жените кои се облекуваат женствено и елегантно, бидејќи таквите нешта будат страст кај нив и ја будат нивната имагинација.

Манекенски изглед

Голем дел од мажите сакаат згодни девојки и тоа е факт, но тие не поднесуваат кога некоја жена постојано се труди и глуми да изгледа совршено. Убавиот изглед навистина е нешто што мажот го забележува веднаш кај жената, но таа не мора да е преслаба за тоа. Тоа што е важно за нив се самодовербата и убавиот изглед, кожа и коса.

Претерана зависност или независност

Некои жени веруваат дека одговорност на мажот е „да ги издржува“, односно да плаќа и да се грижи за сите нивни задоволства. Од друга страна, постојат девојки кои се трудат претерано да бидат независни и одвоени од мажот, така што се губи целата нежност и хемија во комуникацијата.

Посветеност

Понекогаш се случува жената да заборави на својот живот  и своите пријатели и потполно да му се посвети на мажот кој и се допаѓа. Иако може да звучи симпатично, сепак мажите не сакаат таква целосна посветеност. Мажите се привлечени од жени кои имаат интереси и хобија, и кои не се губат себеси во врската.

cheap nike free run 5.0