Кои се првичните симптоми на сколиоза?

Болката во грбот не е единствениот симптом за сколиоза, и иако е најчеста и најјасна, постојат и некои наизглед неповрзани симптоми на сколиоза, на кои треба да обрнете внимание, доколку ги пронајдете кај себе.

Судејќи по тоа дека искривениот грб може да влијае на остатокот од вашето здравје, не ги игнорирајте овие симптоми.

1. Искривени пршлени

Доколку приметите дека вашите пршлени се поизразени на една страна, тоа веројатно се случило поради многу искривен грб. Кога сколиозата е присутна, линијата на грбот најчесто се поместува бочно или на страна. Главниот знак за сколиоза е торзија на пршлените, како резултат на ротација на грбот, а сето ова резултира со појава на грпка. Меѓутоа, деформација на пршлените може да се појави и сама од себе, а не како предзнак за сколиоза.

2. Нееднакви рамена

Исправете се и погледнете се во огледало, за да проверите дали едното рамо ви е повисоко од другото. Поради бочната ротација на грбот, едното рамо и лопатката, можат да бидат поизразени од другото. Во овој случај, иако изгледа поизразено, лопатката не е променета сама од себе. Оваа положба на рамената може да биде суптилен предзнак за сколиоза, но лесно може да биде последица од лошото држење.

3. Ѓонот на едната чевла е поистрошен од ѓонот на другата

Судејќи по тоа дека искривениот грб ја поместува карлицата, може да предизвика и нерамномерно одење. Таа промена во колковите, кои не се изедначени, може да предизвика нерамномерно трошење на ѓонот на едната чевла, во споредба со другата. Наводно, повисоко поставениот колк е последица на ниско поставена деформација на грбот, што резултира со искривен грб.

4. Нелагодност додека се движите

Со оглед на пореметувањето во движењето кое предизвикува сколиоза, можете да приметите дека додека се движите, движењата на рацете не се повеќе изедначени како порано. Тоа е последица на мускулниот дисбаланс, кој му оневозможува на телото исправен начин на движење.

5. Хронична мускулна тензија

Доколку вашето тело е малку искривено, тоа може да предизика непријатни болки. Со текот на времето, сколиозата може да направи мускулен дисбаланс во грбот, што предизвикува хронична мускулна тензија.

6. Потешко дишете

Сколиозата може да го ограничи ширењето на ребрата, па поради тоа, луѓето кои страдаат од неа, често имаат проблеми со дишењето. Оштетувањето на дишните органи е последица кога сколиозата е во висока фаза.